Моето дете умре, а се роди ѕвезда – Лепа Брена. После 36 години проговори Спаса, првата пејачка на “Слатки грех“. Спаса Мечанин решила да ја открие вистинската причина зошто се повлекла од светот на музиката…
– Мојот покоен сопруг Малиша Николиќ не ме грабна од сцената, туку ме одведе дома и се венчавме во Смедерево на 13 јануари 1980 година. Во јануари се зедовме, а во април го загубив бебето. Докторите ми рекоа дека никогаш повеќе нема да можам да забременам, но после го родив Милошо. За жал, без маж останав рано. Малиша загина во сообраќајна незгодна во 1983 година“, раскажува Спаса.
Пејачката поради своето ведро расположение ја нарекувале и „Спаса лујка“.
– На Брена и беше судено, мене ми се случи зло на сцената. Моето дете умре, а се роди ѕвезда. Еден месец лежев во болница, имав сепса во почетен стадиум, со месеци не можев да се опоравам… Тогаш оставив се… Тоа е моја голема рана… Нешто што никогаш нема да преболам“, додала Спаса која денес живее во Банатско Аранѓелово.