Хорор во Охрид: Старец пикнал детенце во гаража, пробал да го силува


Полицијата поднесе кривична пријава против 77-годишен охриѓанец поради сторено кривично дело „полов напад врз малолетно лице“.migranti siluv

Според соопштението од СВР – Охрид, С.Г. (77) од Охрид на 12 минатиот месец околу 14 часот управувајќи патнички автомобил кон својот дом во Охрид, забележал малолетно лице од соседството, го запрел возилото и му пришол прекинувајќи го во детската игра. Притоа, пријавениот С.Г. започнал разговор со 11-годишниот малолетник околу претстојниот празник „Василица“ прашувајќи го кога се палат огнови. По неколку минутен разговор С.Г. го повикал малоленото лице до автомобилот паркиран до неговата гаража, велејќи му дека ќе му покаже интересни работи. Кога двајцата заедно стигнале до возилото С.Г. извадил еротски списанија, а потоа веднаш ја отворил вратата од гаражата прилепена до семејната куќа што била во близина на возилото и го турнал малолетникот во гаражата заклучувајки ја вратата.

Тука, пријавениот С.Г. со примена на сила започнал да го прегрнува малолетното лице допирајќи го по целото тело. Малолетникот со активен отпор, успеал да го оттурне сега пријавениот и да ја отвори вратата од гаражата по што избегал во својот дом, се наведува во полициското соопштение.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1