Во текот на вчерашниот ден дома на врата, од страна на СВР Охрид, од службеници на СВР Охрид бев побарана јас, пред моите деца, изјави на протестот во Охрид Каролина Буџаковска.
– Пораката нема никаква смисла, СЈО ги малтретира граѓаните, ги малтретира членовите на ВМРО-ДПМНЕ, да бидам повикана како член на ВМРО-ДПМНЕ, да сведочам за донација која сум ја дала во партијата. Јас секогаш сум донирала за партијата, секогаш ќе донирам за партијата. Сум донирала за сиромашни, сум донирала за болни, сме донирале за поплави, за земјотреси, за многу други работи и секогаш како граѓани ќе донираме. Ова е недозволиво, ова е минимизирање на граѓаните, рече Буџаковска.