Австриец налик на Хитлер уапсен за глорификација на нацизмот


Еден 25-годишен Австриец, целосно налик на нацистичкиот лидер од Втората светска војна Адолф Хитлер, бил уапсен и обвинет за „глорификација на времето на нацизмот“ – соопшти австриската полиција.

Човекот се нарекувал себе си Харалд Хитлер.HITLER DVOJNIK

Облечен во темен костум и со препознатите хитлеровски мустаци, човекот бил виден како се фотографира пред зградата во местото Браунау ам Ин, во близината на германската граница, во која инаку е роден нацистичкиот лидер.

Човекот се обидел да побегне од полицијата, но бил фатен и уапсен.
Глорификацијата на нацизмот, во кој било облик, претставува кривично дело во Австрија.

Претставник на локалната полиција изјави дека уапсениот не се шегувал, ниту дека бил дел од некаков уметнички перфоманс.

– Тој многу добро знаеше што прави и за што станува збор, изјави претставник за локалните медиуми.

Австриските весници пишуваат дека претходно, тој бил виден и во Виена и во Грац.

Хитлер е роден во Австрија, но во 1913 година, како 24-годишник, се преселил во соседна Германија.

Австриските власти, во октомври минатата година соопштија дека целосно ќе ја урнат неговата родна куќа за да не се претвори во „светилиште“ за неонацистите, онака како што зградата се третирала во времето на нацизмот, од пред осумдесетина години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1