На познатиот актер по шести пат му се врати ракот


Актерот Хју Џекман пак апелираше до фановите да се заштитат од сонцето, бидејќи повторно му е отстранет карцином од носот.hju-djekmen-640x529

– Полошо изгледа со завојот отколку без него, се колнам, напишал актерот на социјалните мрежи. На Хју Џекман по шести пат му е отстранет тумор, а последен пат бил на операција точно пред една година.

„Пак карцином на базалните клетки. Благодарение на честите прегледи и фантастичните лекари, сè е во ред“, напишал Хју Џекман (48) кој се фотографирал по операцијата со завој на носот.

Актерот веќе шест пати го отстранил ракот од носот па често ги советува обожавателите да не заборават да се заштитат со кремови за сончање и да одат на рутински прегледи.1hju

Откако лани во февруари откри дека ја имал последната операција, тогаш на јавноста ѝ откри дека во рок од 18 месеци имал четири карциноми на кожата и дека лекарот го предупредил оти би можел да има уште во иднина.

– Секој пат малку се шокирам кога ќе го слушнам зборот „рак“. Во Австралија тоа е честа појава. Јас никогаш не сум ставал заштита за сонце додека растев поради што сум совршен кандидат – рекол Хју во 2015 година.

Првиот рак го открил во 2013 година кога визажистката на сетот на „Икс мен“ забележала дека има ситно згрушување на крвта на носот, а сопругата Дебора-Ли Фурнер (61) го убедила да оди на лекар.

Хју Џекман последен пат ќе можеме да го гледаме во улогата на Волверин во филмот „Логан“ кој во киносалите доаѓа на 2 март.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1