Уапсен потпретседателот на компанијата Самсунг електроникс


Потпретседателот на компанијата Самсунг електроникс Ли Џае-јонг е уапсен во рамки на истрагата за корупција, која доведе до отповикување на јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе.

Судот наведе дека е неопходно тој да биде уапсен поради нови докази. samsung

Судот во Сеул истовремено го отфрли барањето да се издаде налог за апсење на претседателот на Самсунг електроникс, Парк Санг-јин.

Канцеларијата на специјалниот обвинител во вторникот побара да се уапсат двајцата раководители на Самсунг поради корупција и други обвиненија.

Компанијата е обвинета дека донирала 43 милијарди вони (36,3 милиони долари) на невладини организации поврзани со Чои Сун-сил, блиска пријателка на јужнокорејската претседарелка, во замена за поддршка на спорни зделки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1