Телефонот на Хитлер утре на аукција


Аукциска куќа од градот Чизапик во американската држава Мериленд утре ќе го стави на продажба телефонот на Адолф Хитлер.

Почетната цена на телефонот ќе биде 100.000 долари, но се очекува неговата вредност да достигне меѓу 200.000 и 300.000 долари.telefon-hitler

На овој телефон Хитлер издавал наредби во последните две години од Втората светска војна. Тој го користел апаратот во штабовите на својата армија, во автомобилите и возовите.

Првата боја на телефонот, произведен од компанијата „Сименс“, била црна, а потоа е бојадисан во црвен. На него го има нацистичкиот симбол, а на задната страна од телефонот е гравирано името на Хитлер.

Телефонот во мај 1945 година му бил даден на британскиот војник Ралф Рејнер од страна на руски војници, за време на неговата посета во бункерот на Хитлер во Берлин веднаш по капитулацијата на нацистичка Германија. Потоа Рејнер му го дал на својот син, кој сега го продава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1