Шокантно: Старец од скопје врзуван за кревет и изгладнуван во дом за стари лица (Видео)


Со рани, модрици и траги од заби…Во ваква состојба бил болниот и неподвижен полицаец во пензија Петковски Владо. Неговата сопруга со шокантни тврдења дека лузните по телото се по тридневниот престој во старечки дом. Зорка вели дека го однела за да има соодветна грижа, но го земала гладен, жеден и малтретиран, пишува Тв Сител. Screenshot_31

-Беше зетот го видел и вика го гризел ќебето. викал помош, помош…отидов го земав и го вратив дома…овие денови му давам само јадење и течности а тој ми бара леб…Погледнете целиот е со модрици, видете му ја раката..има и по грбот, овде се гризел, вели Зорка Петковска, сопруга на Владо

За негата во дом Зорка платила дури 21.500 денари. парите ги дала однапред пред да биде примен нејзиниот сопруг. Вели никогаш не очекувала дека нејзиниот Владо ќе го најде во ваква состојба, изнемоштен и преплашен.

-Со ќебето со кое го однесоа со тоа и беше покриен. срамота. Ни лекот што требало не му го давале, вели Зорка

Владо боледува од Алцхајмерова болест која му била дијагностицирана пред 10 години. Со болки во нозете и грбот е и неговата сорпуга Зорка. Без никаква помош, била принудена да бара друга алтернатива за нега на нејзиниот сопруг. Случајот го пријавила и во полиција.

-Пријавив ама ни рекоа дека без исписница не смееле да ме пуштат. Да одам по тоа и да пријавам во полициска чаир.

Живеат во трошна куќа целата со влага и речиси сите пари ги трошат за лекови. Дека Владо бил повесел пред 14 февруари кога заминал во домот, сведочат и нивни комшии.

– Доаѓам кога можам да го причувам да оди Зорка да купи леб..Добар беше, вели сосед на Владо

Сител побара одговор и од домот каде бил сместен Владо. Не сакаа да дадат изјава и велат целиот случај е само околу враќањето на парите. Зорка не испрати од домот со надеж дека правдата ќе победи и ќе дојдат подобри денови и за нив.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1