Седум лица повредени во сообраќајка: Скопјанец превезувал мигранти, се превртеле со автомобилот


Седум лица од кои три потешко се повредени во сообраќајка несреќа која минатата ноќ се случила кај кружниот тек на излез од Струмица кон Радовиш.

Според информациите од полицијата до сообраќајната несреќа дошло кога А.А. (25) од скопско Инџиково изгубил контрола над возилото „Алфа Ромео“ со кое превезувал шест мигранти, удрил во метален столб за улично осветлување и се превртел на кров.soobrakjajka 233

Возачот се здобил со тешки повреди, скршеница на десната потколеница и коски на лицето, четириесет и шест годишната Сиријка С.Х. исто така е тешко повреда во сообраќајката со скршени десет ребра. Најтешко повреден е Н.Н. од Пакистан кој има скршеници на главата и се наоѓа во коматозна состојба. Поради сериозните повреди овие три лица биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Со полесни повреди поминале останатите четворица мигранти кои биле во возилото кои по укажаната лекарска помош се пуштени од болница, Сиријците М.Х. (19), М.Х.(36), Пакистанецот А.А. (20), и дваесет и две годишната Пакистанка С.М.

Полициски екипи во присуство на јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата. Со дел од мигрантите е разговарано, по што истите ќе бидат пренесени во прифатниот центар во Гази Баба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1