Деведесет и две годишната П.К.С. од Нов Дојран починала вчера во пожар кој избувнал во нејзината семејна куќа.
-Пожарот бил пријавен вчера во 14:30 часот, а по излегување на местото на настанот, од страна на Итна медицинска помош било утврдено дека во пожарот со смртни последици се здобила П.К.С.(92). Смртта настапила од настанатиот чад од пожарот и од изгореници по телото, информираат од полицијата.
Пожарот веднаш бил локализиран. Извршен бил увид и во консултација со Јавен обвинител телото на починатата е предадено на семејството за погреб.