ДУИ ќе му ги даде потписите на СДСМ, а за коалиција допрва ќе преговара, изјави вчера портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Османи по десетчасовната средба на централното претседателство, изјави дека ДУИ ќе ги даде 10-те пратенички потписи на Зоран Заев, но само за да ги запазат роковите и за да не се губи премногу време.
Тој потенцираше дека тоа не значи формирање на нова влада, односно не значи дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ.