Синот на градоначалникот на Општина Чучер Сандево Јован Пејковски вечерва со повреди нанасени од нож, е пренесен во Клинички центар.
Повредите му биле нанесени во тепачка меѓу две групи тинејџери на автобуската станица кај Народна банка во Скопје, околу 19 часот.
Во тепачката, покрај 16-годишниот син на градоначалникот, повреден е и тинејџер од Сопиште, кој исто така се наоѓа во Клиничкиот центар Ургентниот центар.