Косовската полиција денеска уапсила двајца странски државјани, а во нивниот автомобил пронашла два милиони евра лажни банкноти во апоени од 500, 200, 100 и 50 евра.
Како што пренесува Ројтерс, ова е најголемото запленување на лажни банкноти во последните 20 години.
Осомничените, еден албански и еден камерунски државјанин, биле запрени од полицијата на границата со Албанија.
Во торбата со фалсификуваните пари се наоѓале и три илјади лисја хартија и хемикалии за печатење фалсификувани банкноти.