Во среда истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на дохоd (образец ПДД-ГДП) за приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2016-та година, соопштуваа од УЈП.
Во текот на вторник и среда се очекува околу 40 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска. Според последните податоци, најмногу пријави се доставени во Скопје (144.066), а 1.728 граѓани ја искористиле можноста за достава на пријавата преку е-Даночни услуги.
Од УЈП потсетуваат дека нивните даночните канцеларии работат од 8:30 до 18 часот, а граѓаните можат да ја достават Годишната даночната пријава и преку пошта.
Со цел избегнување на метежите, отворени се дополнителни шалтери во Скопје за поднесување на Годишна даночна пријава, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ).
За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.