Луксузната палата на Тито во Њујорк се продава за 50 милиони долари


По години договарања и усогласувања, Хрватска, Србија, Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина сакаат да се забрза продажбата на недвижностите што ѝ припаѓале на поранешната држава и служеле на дипломатски претставништва на Југославија во светот.tito vila njujork

Деновиве, како што е потврдено за „Јутарњи.хр“ од дипломатски извори, со агенцијата „Даглас Елиман“ интензивно се договарале деталите за продажбата на луксузната куќа на њујоршката Петта авенија, која ѝ припаѓала на СФРЈ, а сега ја користат српски дипломати од Мисијата на Србија при Обединетите нации.

Куќата се продава за 50 милиони долари, а објавените фотографии прикажуваат исклучителен луксуз, кој и денес владее во куќата што некогаш му припаѓала и на Корнелиус Вандербилт.

Куќата има 20-ина соби, два електрични лифта (ги имала меѓу првите во Њујорк) што и денес се во погон, како и осум бањи и вински подрум, оградите се рачно направени, а на таванот има фрески на ангели и облаци. Југославија ја купила куќата во јануари 1947 година, а е изградена во 1904-та. Првиот сопственик бил Роберт Ливингстон Бикман, брокер на берзата и подоцна гувернер на Род Ајланд, па според него зградата го носи името „Куќата на Бикман“. Раскошот на зградата потсетува на Версај, со бели мермерни столбови и позлатени покривни прозорци, а зачуван е и стариот шпорет од 1905 година.

– Сè е недопрено и оној што ќе ја купи, ќе поседува парче историја на Њујорк – рекол Тристан Харпер во име на агенцијата што ја продава куќата на чијшто втор кат е и прекрасната библиотека во која сега работи српскиот амбасадор.stan-tito-njujork

Зградата во која е зачуван оригиналниот ентериер е под заштита на државата и градот Њујорк од 1969 година. Се продава и целиот мебел и сликите, а њујоршките медиуми пишуваат дека тоа е една од најдобрите приватни куќи што можат да се купат во престижната Петта авенија.

Во рекламата за продажбата се наведува дека во времето на Студената војна на врвот на зградата се наоѓала соба што никој не можел да ја прислушува, а дека биле поставени непробојни прозорци кон Петтата авенија. Наводно зградата ја сакал и Јосип Броз Тито, кој тука навраќал во 60-тите години, а агенцијата што ја продава куќата тврди дека „Тито во куќата нашол привремено засолниште откако имало обид за атентат врз него во ‘Валдорф Асторија’ во 1963 година“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1