Најново соопштение од МВР: Евакуирани се 30 пратеници од Собранието


Во нарушувањето на јавниот ред и мир со повреди се здобиле неколку пратеници во Собранието и неколку цивили. При обидот да бидат спречени во намерата 10-тина полициски службеници се здобиле со повреди при што беа префрлени на скопските клиники.gragani-sobranie-vnatre-3-640x359

Во Оперативниот Штаб 20:08 часот – Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков, издаде наредба на припадниците на специјалната единица да применат овластување и да создадат услови за безбедна евакуација на пратениците и воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. Во 20:27 часот припадниците на специјалната единица влегоа во Собранието на Република Македонија и до 20:43 часот евакуирани се 30 пратеници.

Мерки се преземаат и понатаму во Собранието.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1