Вучиќ за утре закажа итен состанок на безбедносните служби за настаните во Македонија


Според пишувањето на српски Блиц претседателот на Србија Александар Вучиќ за утре закажал итен состанок на безбедносните служби за настаните во Македонија. Вечерва тој ги следел настаните од нивниот штаб.vucic

– Како претседател на Владата на Србија секога правев се за одржување на најдобри можни односи меѓу Белград и Скопје и меѓу Србија и Македонија. Мислам дека граѓаните на Македонија тоа добро го знаат и го почитуваат начинот на кој Република Србија се однесува кон граѓаните на македонија, но и кон државата Македонија. Многу сум загхрижен поради вечерашниве настани и мојата единствена порака, а луѓето во Македонија знаат дека таа доаѓа од искрен пријател, е да ги замолам сите проблеми и несогласувања да ги решаваат на мирен начин. Смирувањето на ситуацијата е во најголем интерес и на Македонија и на нејзините граѓани, a сите други проблеми може да се решаваат на преговарачка маса, на мирен начин и во мирна атмосфера, наведе Вучиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1