Откажана денешната собраниска седница


По вчерашните случувања во зградата на Собранието на Република Македонија причинета е материјална штета и дел од работните простории, прес-центарот, како и сала „Македонија“ се надвор од употреба.133673764-117520

Согласно законската регулатива надлежните институции преземаат чекори за ставање во функција на истите и утврдување на штетата. Се прават напори за враќање во првобитната состојба во најкус рок, со што ќе се создадат услови за работа на Собранието.

Со оглед на тоа, денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија закажано за во 11 часот нема да се одржи, а за продолжението ќе има дополнително соопштение.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1