Во врска со случувањата во Македонија, вечерва реагираа албанскиот премиер Еди Рама и спикерот на парламентот Илир Мета, кои повикаа на воздржаност и дистанцирање од насилство.
– Она што сакам да го кажам со голема искреност и одлучност е Албанците во Македонија да останат смирени и да не потклекнуваат на провокации, да бидат пример како ние сите заедно не сакаме крај за Македонија туку стабилност и натамошна демократизација. Ова е навистина момент кога реално е потребна голема смиреност, порача премиерот Рама, гостувајќи во емисија на телевизјата Топ чанел.
Претседателот на на Парламентот Илир Мета искажа загриженост за состојбата во Македонија и упати апел до граѓаните и властите да се дистанцираат од насилство и да преземат итни мерки за запирање на насилстото и последците од него.
– Стабилноста на Македонија останува мноту значајна и клучна за стабилноста и безбедноста на Балканот и неговата иднина. Во овие одлучувачки и критични моменти за Македонија и за регионот се бара одмереност, смиреност, политички дијалог и делување, кои ќе бидат во прилог на враќање на мирот и нормализирање на состојбата, изјави претседателот на албанскот Парламент Илир Мета.