Здравствената состојба на пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој беше најтешко повреден во насилството во Собранието е стабилна, но ќе остане уште неколку дена в болница.
Од неговата партија ДР-ДПА ни изјавија дека денеска има значително подобрување, но повредите биле сериозни, па заради можните последици лекарите препорачале уште 6-7 дена да остане под лекарски надзор.
„Села денеска е многу подобар, почна и да чита. Но повредите се сериозни, па за да се избегне евентуална компликација ќе остане уште неколку дена в болница, а потоа лекувањето ќе продолжи дома“, велат од неговата партија.
Оттаму немаат информација што ќе се случува сега во Собранието и велат дека не добиле никакви известување за евентуална седница и кој ќе ја свика.