Кери (29) од Велика Британија прво побегнала од својот свршеник Крег (32), неколку месеци пред нивната венчавка која требало да се одржи на Флорида. Парот за таа венчавка со години штедел пари.
Потоа Кери била во врска со Дев (29), и го оставила веднаш штом ја запросил.
По Дев, следен бил Ник (29), а со него дури почнале да живеат и заедно. Се вериле, испланирале венчавка, па дури на роднините ги поделиле и поканите за свадбата, кума на свадбата требало да и биде нејзината најдобра другарка – хомосексуалка Сара. Свадбата пропаднала кога Сара (33) и признала дека е вљубена во неа.
Кери тогаш сфатила дека е хомосексуалка.
По шест месеци љубовна врска Сара ја запросила Кери, а потоа се венчале.
-Знам дека се звучи како сценарио на филм, но не можете да испланирате во кого ќе се вљубите. Секогаш мислев дека ќе се венчам со маж, но тоа било така бидејќи најверојатно сум посакувала да живеам „нормално“. Секогаш кога бев во врска со машко, кога таа ќе прераснеше во нешто сериозно едноставно јас бегав. Не можев да поверувам кога Сара ми кажа дека е вљубена во мене, открила Кери.
Кери има и две деца од врската со Крег, со кого била 11 години. Верувала дека тоа е мажот на нејзиниот живот, но на крај избегала од него.