Одмаздата се спремала две години?


Прашање на ден беше кога некој од фамилијата Истрефи ќе излезе пред Дилавер Бојку – Лека и ќе го застрела со куршум во чело. Ова го велат познавачите на случувањата во струшкото подземје, пренесува мкд.мк. Тие се сигурни дека мотив за ова убиство е крвната одмазда и дека убиецот, кој е во бегство, е таткото на убиениот Ситем Истрефи. Членови на семејството Истрефи веќе подолго време се заканувале со крвна одмазда.

За потсетување, завчера Дилавер Бојку – Леку, кој стопанисува со повеќе објекти на плажата Аква Блу, беше убиен на една од терасите со куршум во челото., по што како што пренесе МВР, потоа убиецот пукал и кон неговиот син и уште едно лице кои тргнале по него.

Токму овие плажи биле причина за првичната пресметка на членови на семејствата Бојку од Велешта и Истрефи од Долна Белица уште пред две години. На 13 декември 2015 година во населбата Езерски лозја пред Струга, дошло до пресметка на две банди во која загина Ситем Истрефи, а неговиот брат Прентим И. бил тешко ранет. Од другата страна на престрелката биле братот и синот на Дилавер Бојку. Башким Б. е сѐ уште е во притвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1