Затвореник од Скопје, 26-годишниот Р.Ш. кој ја издржувал казната во затворот Идризово избегал, соопшти полицијата.
Вчера попладне, во кругот на дворот прво неовластено влегла 20-годишна девојка од Скопје која кога ја забележале вработените била во друштво на затвореникот.
Тој избегал, а девојката била фатена и задржана во дежурните простории во Идризово, соопштија од МВР.