Трајановски: Со новиот булевар во Бутел ќе се намали метежот во градот


Сo новопробиениот булевар во Бутел ќе се намали метежот во тој дел од градот, а ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, изјави денеска кандидатот за градоначачник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски. Трајановски вети изградба на патишта, улици и подобрување на инфраструктурата во главниот град, како дел од проектите во неговата изборна кампања.

-Жителите на Бутел, Чаир, Гази Баба и Радишани и околните места ќе имаат полесен пристап до заобиколница и ќе се растовари метежот од улицата Бутелска. Тој метеж е огромен и неподнослив. Исто така, ќе се овозможи и развој на општината бидејќи има и градежно земјиште околу на кое со ДУП-овите треба да има објекти, изјави Трајановски.

Трајановски најави дека ќе се намали и загаденоста со изградбата на булеварот. Втората фаза од изградбата на патот чини околу три милиони евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1