ВИДЕО: Со експлозив нареден на половината дошол пред скопскиот Суд – полицијата го приведе


Неколку полицајци интервенираа откако непознато лице се приближи до нив при што им се обрати.

Човекот се доближи и му кажа нешто на еден од полицајците по што останатите припадници на МВР му го одзедоа ранецот и го однесоа во полициска станица.

Неофицијално од МВР за А1он велат дека се работи за лицето Ибруш Ибраими кој околу половината бил нареден со некаков вид на експлозив со што и се заканувал на полицијата. Педесет и седумгодишниот Ибраими е приведен од страна на припадниците на МВР. Надлежното министерство наскоро ќе излезе со официјални информации од овој случај.

Од МВР официјално не ја потврдуваат оваа информација. Велат дека кога ќе имаат детали ќе им ги соопштат на граѓаните. Од таму само ја потврдија информацијата дека лицето е приведено и дека е префрлено во полициска станица. https://youtu.be/4iGCnxr_46Q

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1