Владата на Република Македонија на денешната седница донесе заклучок да му предложи на Собранието за државен јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески, член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
Владата оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба, освен врз основа на професионалната биографија на Љубомир Јовевски, ја донесе и врз основа на позитивното мислење на Советот на јавните обвинители.
Јавниот обвинител на Република Македонија се избира за време од шест години, а изборот го вршат пратениците со просто мнозинство.