Вчера во 18.42 часот во Скопје на ул.„Јадранска магистрала“, патничко моторно возило „Ланд Крузер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Н.Ј.А.М.(58) од село Орман удрило во пешаците А.Н.(23) од Гостивар и З.А.(68) од село Дебреше, гостиварско.
Истите биле пренесени во Градска општа болница “8-ми Септември“ каде во 19.20 часот од страна на доктор била констатирана смрт кај А.Н. додека кај З.А. се констатирани телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.