Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 23 декември


Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на 23 овој месец, одлучи синоќа Извршниот комитет на партијата.

Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека Извршниот комитет одлучил да му предложи на Централниот комитет на следната седница да почне процедура за организирање на вонреден Конгрес на партијата.

На вонредниот конгрес се очекува да биде разгледана најавената оставка на лидерот на партијата Никола Груевски, која тој ја најави во интервју за „Курир“.

На вчерашниот Извршен комитет биле осудени, како што се вели, и политички монтираните обвиненија за тероризам и неоснованите притвори кои им беа изречени на партиски членови, уметници, актери и лица поврзани со настаните од 27-ти април.

– Злоупотребата на државните институции кои под политички притисок на власта упаѓаа во домови и ставаа лисици на пратеници е акт на терор и газење на демократијата. Извршниот комитет заклучи дека ваквото безумие од страна на СДС ја турка државата во уште подлабока криза и затоа мора да се преземат идни чекори со кои ќе се стави крај на политичкиот прогон и политичкиот реваншизам, се вели во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1