Уставен одлучи – ќе се плаќа парно иако сте исклучени


Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 66 од правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторната комисија за енергетика, со која беше воведена обврска граѓаните што не користат топлинска енергија да плаќаат паушален надомест. Тоа значи дека обврската за овие граѓани останува.

Приближно 12 илјади домаќинства исклучени од системот за снабдување со топлинска енергоија секој месец плаќаат паушален износ од 500 до 1.200 денари во зависност од површината на станот.

Уставниот суд се произнесе како ненадлежен. Исклучените граѓани од системот на БЕГ најавија и тужба пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1