За „Убер“ да важат исти правила како за такси-компаниите, пресуди Европскиот суд за правда


Европскиот суд на правдата пресуди дека Uber е компанија која нуди услуги на превоз, а не дигитални услуги, како што досега тврдеше таа компанија.

Сега членките на ЕУ имаат „црно на бело“ дека смеат да му одредат строги правила за работа на Uber .

Uber сега треба да биде регулирана, како што се регулира дејноста на такси компании во секоја земја членка. Ова значи дека ќе мора да ги почитуваат построгите правила што важат за традиционалните таксистички здруженија.

Uber се бореше против таквото мислење на судот, со образложение дека тоа е само платформа која ги поврзува независните возачи со луѓе кои имаат потреба од превоз. Одлуката на Европскиот суд, што е од клучно значење, ќе го обврзе Uber да се однесува со возачите како со свои вработени. Уредбата не може да се обжали.

„Услугата обезбедена од Uber, кој ги поврзува луѓето со непрофесионални возачи влегува меѓу услугите во областа на транспортот“, гласи мислењето на Европската унија од денес. 28-те земји членки на Европската унија „последователно ќе може да ги регулираат условите за обезбедување на услугата“ на Uber.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1