“Во однос на шпекулациите поврзани со партиските функции, би истакнал дека минатиот месец имам поднесено оставка САМО од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката од ИК ја поднесов поради разликите во видувањата за изборните резултати, разликите околу начинот на носење долгорочни одлуки и чувството дека тие водат кон внатрепартиски поделби, кои воопшто не ни се потребни.
Ценам дека задржување на единство и фокус на повисоки цели мора да биде над било чии лични амбиции. Член сум во неколку партиски републички комисии и тоа во комисиите за надворешни работи, за европски работи и за одбрана. Останувам посветен на задржување на единството меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на заедничките цели во интерес на Македонија и нејзините граѓани.”