На патот сме да ја заокружиме визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава. Да се обединиме околу овие приоритети, повикува премиерот Зоран Заев во новогодишното обраќање кон граѓаните.
Тој очекува во 2018 Македонија да биде 30-та земја членка на НАТО, како и чиста препораќа за пристапните преговори со Европската унија.Брисел, како што посочува Заев, знае дека имаме доволно добри аргументи за ова наше очекување.
– Како одговорен политичар, и како премиер на Република Македонија, силно се противам на амбиент во кој некои политички елити се почувствуваа привилегирани. Мислеа дека правдата и казната што произлегува после корупцијата, нема да ги опфати и нив – вели премиерот.
Политиките на поделби на „наши“ и „ваши“ и предизвикување конфликти, посочува тој, градат минато, а не иднина.
Како што посочува Заев, 2017 ќе се памети по најголемиот успех на слободоумните граѓани бидејќи тоа е годината кога била ослободена заробена држава.