Стотици милиони луѓе во светот, на плоштадите во своите градови, во туристичките центри или во семејна атмосфера и посакаа добредојде на Новата 2018 година. Во Скопје скромна прослава, а светските метрополи со спектакуларни огномети и шоуа
Во Скопје новогодишна прослава под мотото „Нова Година-нови насмевки“се одржа на сквер „Јадран“ во организација на општина Центар. Прославата беше со хуманитарен карактер и средствата ќе бидат наменети за 16-годишно момче кому му е потребна итна операција за пресадување на коскена срцевина во Италија.
Релативно мирна ноќ за дежурните лекари во Скопје
На клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза во текот на новогодишната ноќ биле примени 27 пациенти, од кои најмладиот имал 16, а најстариот 48 години. Според првичните резултати од токсиколошката лабораторија на Клиниката, пациентите немале над два промили аклохол во крвта.
Првпат по подолго време на Клиниката за токсикологија, за новогодишната ноќ немало лица помлади од 15 години, изјави директорот Нико Беќаровски.
Со спектакуларен огномет Новата беше дочекана во Лондон и Единбург, јавува БиБиСи. Огнометите ги следеа повеќе од 100 000 луѓе, а посетителите на полоштадите ги забавуваа Арета Френклин, Аријана Гранде и Флоренс Велч. Испукани биле 10 000 патрони огномет, а шоуто траеше 12 минути.
Во Париз десетици илјади граѓани и туристи ја дочекаа Новата година на булеварот Шанзелизе.Околу 100 000 полицајци и 40 000 припадници на обезбедување беа распоредени ширум државата, поради страв од можни терористички напади кои минатата година ја погодија Франција.
Со голем огомент на Црвениот плоштад, Москва е првата европска престолнина која ја дочека Новата година. Заедно со Москва, Новата година меѓу првите ја дочекаа Анкара, Ереван, Тбилиси и Минск. Рускиот претседател Владимир Путин им порача на граѓаните да се сакаат, почитуваат, и да си ги простат грешките.
Лекарите од ургентниот центар во болницата „8 Септември“ интервенирале кај 38 лица, од кои 4 со поблаги форми на повреда поради тепачки.Четири лица биле повредени од изгореници на рацете со петарди. На хирургија било интервенирано и на две лица со површни рани на вратот од огнено оружје од залутани куршуми.
На Клиниката за хируршки болести во текот на вчерашниот ден пристигнале вкупно 65, од кои пет се хоспитализирани, а врз 4 се извршени операциски зафати.
Светот и посака добредојде на Новата година