„Дрисла“ нè труе, за медицинскиот отпад казнета со 8.500 евра


Во надзорот спроведен во Скопје, а во кој се опфатени осум компании, е констатирано дека „Дрисла“ не ги почитува протоколите и за горењето медицински отпад е казнета парично со 8.500 евра.

„Правниот субјект е инспектиран во периодот пред вонредните надзори, има добиено решение во инспекциска постапка за натамошно постапување со печката за согорување медицински отпад во денови на нормално функционирање и денови кога има надминување на праговите во станица „Лисиче“. Од страна на комисијата за спогодување е санкционирана со 8.500 евра во противредност за прекршок во согласност со Законот за квалитет на амбиенталниот воздух“, стои во известувањето на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), кој постапува по налог на интерсекторската работна група формирана за да се справи со загадувачите и да го истражи амбиенталниот воздух.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1