На Тачи и Харадинај ќе им се суди во Специјалниот суд за Косово?


Претседателот Хашим Тачи и братот на премиерот Харадинај, Даут, би можеле да бидат меѓу првите обвинети во Специјалниот суд за Косово, објавува ЕУ Обсервер.

Ситуацијата во Косово се помпикува и може да предизвика тензии откако во Парламентот се најде резолуција со која се бара укинувње на Трибуналот во кој треба да им се суди на поранешните команданти на УЧК.Косовските власти бараа доколку веќе се формира ваков суд со него да биде опфатени и злосторствата кои ги сториле и Србите но меѓународната заедница тоа не го прифати.

Харадинај тврди дека додека бил во опозиција бил против формирање на овој суд и оти и сега е против него.
Неговиот брат се терети дека учествувал во тешки злосторства врз Србите во 1999 година и пред тоа.

Даут дури се закани дека со првото апсење на Специјалниот суд веднаш ќе се „активираат“ поранешните борци од УЧК.

Косовските медиуми објавуваат и дека САД се заканиле на властите во Приштина дека ако Парламентот го укине неодамна овој Специјален суд за воени злосторства кој треба да почне со работа напролет и чие седиште ќе биде најверојатно во Холандија тогаш Вашингтон нема да го попречи руското барање за основање на Трибунал за воени злосторства во Косово на ниво на Обединетите нации.

Русија бараше формирање на суд сличен на Хашкиот трибунал, кој ќе се фокусира на судски процеси против командантите на поранешната Ослободителна војска на Косово но САД досега се спротиставуваа на овој предлог и го блокираа во Обединетите нации.

Бриселскиот портал ЕУОбзервер објави дека се очекува пред Специјалниот суд за злосторства на ОВК да се најдат косовскиот претседател Хашим Тачи и пратеникот од Алијансата за иднина на Косово Даут Харадинај, брат на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Порталот потсетува дека Тачи и Даут Харадинај се поранешни команданти во ОВК.

Во текстот се наведува дека партијата на шефот на косовската Влада Рамуш Харадинај минатиот месец се обидела да го спречи законот со кој Косово се обврзува на соработка со тој трибунал и дека тој завчера во Ѓаковица изјавил дека бил против тој закон додека бил во опозиција и оти и сега е против него.

ЕУОбзервер тврди дека неговиот брат Даут минатата недела рекол дека „со првото апсење на Специјалниот суд“ веднаш ќе се „активираат“ поранешните борци од ОВК.

Се наведува дека водечки држави во ЕИ, како и САД, го предупредиле Косово за „тешки последици“ доколку властите одлучат да се откажат од трибуналот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1