Пожарот што претпладнево избувна во стан во центарот на Скопје е локализиран, а во текот на гаснењето нема повредени, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томевски.
Опожарен бил стан на втор кат во зграда на улица „Даме Груев“, како и балкон на стан над него.
Противпожарните единици интервенирале со седум возила, и како што истакна Томевски, навреме е спречено проширување на пожарот.
Засега нема официјални информации за причината за пожарот. Полициски екипи се во зградата каде што избувна пожарот.
Станарите изјавиле дека долго имале проблем со станарот, па не се сомневаат дека го запалил станот, а тој сега е во полициска станица.
Неофицијално само еден пожарникар побарал медицинска помош.
Станар од петти кат се жали дека не може да излезе. Тој и неговата жена не можеле да дишат од чадот, а се уште не биле евакуирани.