МОН ќе испитува дали имало верско организирање и дејствување во училиштата


Начелото на секуларност треба да се почитува во училиштата, а за расчистување на какво било сомневање околу прекршување на законските одреди од областа на образованието, Министерството за образование и наука (МОН) утре ќе побара од Државниот просветен инспекторат да ги испита сите индиции за евентуално верско организирање и дејствување во училиштата, велат од МОН по лавината реакции во јавноста за учеството на децата во Бадниковите поворки.

„Во врска со случувањата на 06.01.2018 година, кога групи деца учествуваа во верски манифестации во повеќе градови низ Република Македонија, МОН известува дека станува збор за период кога учениците се на зимски распуст, кога нивните родители, односно старатели го организираат користењето на слободното време и активностите на нивните деца. Воедно ве информираме дека од министерството не била побарана, ниту министерството дало согласност за преземање на какви било активности во училиштата за подготовка или организирање на учениците за учество во овие манифестации, во текот на првото полугодие од оваа учебна година“, соопштија од МОН.

Оттаму исто така, укажуваат и на законските одредби. Како што потенцираат, на граѓаните им се гарантира правото на здружување и слободата на вероисповеста, односно слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата, но во Законот за основното образование во членот 11 е наведено дека „во основното училиште се забранува политичко и верско организирање и дејствување“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1