Пожарот во Тетово предизвикан од камин


Според првичните информации причината за пожарот што ја зафати куќата на семејството Зулбехари во Тетово е камин кој се наоѓал на вториот кат од куќата. Од таму огнот се проширил низ објектот. Огнената стихија ги однесе животите на 39-годишната мајка, Фатиме Зулбехари и нејзините четири деца.

Трите момчиња и девојчето биле на возраст од 5, 8, 11 и 14 години. За време на пожарот, сопругот на Фатиме не бил дома бидејќи работел како ноќен чувар.

Во моментов на местото на настанот се врши увид од страна на јавен обвинител, лекар од судска медицина и другите тимови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1