Осумдесет и осум годишен дедо се обидел да силува сожителка, за што заработи кривична пријава од полициската станица Радовиш.
Како што известуваат од полиција против лицето Ѓ.И.(88) од село Воиславци е покрената кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“.
Имено, тој на 16.01.2018 година околу 8:10 часот во село Воиславци, во близина на селската продавница, се обидел да изврши полови дејствија врз жителка на истото село.