Кривичен со 6.000 евра ќе купува камери за да ги снима рочиштата


Претседателот на Кривичкиот суд во Скопје, Иван Џолев на денешниот брифинг со новинарите рече дека Судскиот Кривичен совет во декември минатата година на овој суд му доделил околу 6.000 евра, односно 350.000 денари за набавка на нови камери за снимање на судењата, но, како што додаде, немало доволно време да ја спроведе тендерската постапка, поради што на 31 декември парите биле повлечени назад.

Џолев на денешниот брифинг со новинарите рече дека набавката на камери за тонско и визуелно-тонско снимање на судењата е во нова фаза и оти наскоро и ова треба да биде регулирано.

Судот, како што додаде, сега располага со две камери. Во контекст на тоа додаде дека навреда за Судот е што некои учесници во судски постапки изјавуваат дека камерите со кои се снимаат рочиштата се „свадбарски“.

Како што е познато, барањата за снимање на судските рочишта со камери доведоа до одлужувања на неколку рочиштата за предметите на СЈО бидејќи обвинетите бараа да се снимаат аудио и визуелно.

Во врска со Системот за автоматска распределба на предмети кај судиите (АКМИС) во Основниот суд Скопје 1, Џолев рече дека во две различни контроли досега го истражувале Специјалното јавно обвинителство и експертска група од Министерство за правда, за потребите на ОЈО – Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1