Ќе фрчат казни за возачите – Мвр најави засилени контроли


Министерството за внатрешни работи подготви низа мерки и активности што ќе се реализираат во наредниот период, како за засилена превенција така и за ригорозно спречување на недисциплина и непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција. 

– Во наредниот период најстрого ќе бидат санкционирани сообраќајните прекршоци кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и слично – рече Ангеловски.

Во урбаните средини, заради обезбедување на поголема проточност на сообраќајот, ќе има засиленото присуство на сообраќајната полиција и „пајак“ возилата. Исто така, најригорозно ќе бидат санкционирани и прекршоците во поглед на неовластено вградување и користење уреди за давање посебни светлосни и звучни знаци во возилата, таканаречени  флешери.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, не за да го избегнат плаќањето на казните туку, пред сè, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата – рече Ангеловски.

Од почетокот на годината до денеска седум лица го изгубиле животот во сообраќајни незгоди во Република Македонија.

П
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1