Тој го освои Балканот кон средината од последната деценија на 20-от век, кога се појави во серијата „Касандра“. Главниот актер во серијата, Освалдо Риос има 57 години, трипати застана на „лудиот камен“, двапати со актерки и еднаш со новинарка.
Холивуд е преокупиран со обвинувањата на славните за силувања од колеги и претпоставени, па тоа повторно ја оживеа информацијата дека популарниот Освалдо исто така бил замешан во секс скандал..
Она што остави дамка на неговата кариера е фактот дека беше обвинет за силување и тоа на познатата пејачка Шакира со која беше во врска.
Сепак Освалдо и денес демантира дека ова е вистина.
-Тоа е смешно. Една од најголемите лаги кои се измислени. Самата Шакира изјавуваше дека кон неа сум се однесувал како принц, истакнува Риос, но сепак шпекулациите се уште кружат во јавноста.