Педесет и две годишниот В.М. од Велика Британија околу 4 часот утринава бил пронајден мртов на скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Починатиот маж бил пронајден во тоалет од страна на обезбедувањето на аеродромот.
Смртта била констатирана од страна на доктор од екипата за Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција, информираат од МВР.