Директорот на градинката „Калинка“ и воспитувачката – на разговор во полиција


Инспектори од детската заштита од Министерството за труд и социјална политика спровеле вондереден инспекциски надзор во градинката „Срничка“, клон „Калинка“, во општина Аеродром, по пријавата на мајката дека син ѝ бил истепан од страна воспитувачка вработена во градинката.

„При надзорот направени се увид во детската градинка за пријавениот случај за 5.2.2018 година во насока на констатирање на фактичката состојба, увид во воспитната група во која престојува детето и разговор со директорот, секретарот, посочената воспитувачка и вработените што биле поврзани со работни активности со детето. Утврдено е дека на десната страна на лицето на детето има траги од повреда. Воспитувачката негира дека го удрила или му нанесла каква било повреда“, велат од надлежното Министерство.

Според инспекторите, втората воспитувачка и негувателката од оваа воспитна група се изјасниле дека не биле сведоци на таков настан, а доколку тврдењата на детето се потврдат, на воспитувачката ќе ѝ биде одземена лиценцата за работа.

Воспитувачката денеска била повикана и на разговор во полициска станица, а исказ дал и директорот на градинката, Јоаким Димулков, кој вчера за „Макфакс“ изјави дека и од нивна страна е поднесена пријава во полиција и дека доколку се утврди вина кај воспитувачката, тој ќе бара најстрога казна. Случајот во полиција го пријави мајката која забележала отоци на лицето на својот шестгодишен син кога го зела од градинка, а според кажувањата на детето, воспитувачката го удирала неколку пати по десниот образ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1