Судењето за дедото на Тамара, Љупчо Стојановски, е одложено за следната среда. Предметот по жалба се наоѓа во Апелациониот суд.
Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Тој се товари за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Пред судот требаше да бидат приложени нови психијатриски вештачења од ЈЗУ „Психијатриска болница – Скопје“, од кои треба да се утврди дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело.