Конфискуван имот на вдовицата на Пабло Ескобар


Колумбиските власти вчера наредија конфискација на имот на вдовицата и на соработници на наркобосот Пабло Ескобар.

Наредбата доаѓа 25 години по смртта на Ескобар.

Властите утврдиле дека имотот на Викторија Еухенија Енао, вдовицата на покојниот лидер на нарко картелот во Меделин, како и имотот на мајката и сестрата на Џон Хаиро Власкес Васкез, познат како Попај и еден од најблиските луѓе на Ескобар, се стекнати од активности поврзани со трговија со дрога. Се конфискуваат луксузен стан во богатиот кварт Побладо на Меделин, три магацини, три луксузни автомобили, една куќа, земјиште и продавници.

Пабло Ескобар, кој со години беше најбараниот човек во Колумбија, беше убиен во декември 1993 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1