Мухиќ, Гаши и Села велат дека гласале за законот за јазици, бараат да се објават снимки од гласањето


Независниот пратеник од владејачката коалиција Ферид Мухиќ кажа дека вчера гласал „за“ за Законот за употреба на јазиците, обраќајќи се процедурално на почетокот на денешната собраниска седница. На листингот од гласањето, Мухиќ е регистриран како да не гласал.

„Го притиснав копчето, не знам како, остана нерегистрирано. Апсолутно сум гласал, како и што се гледа при гласањето на немнозинските пратеници дека сум кренал рака. Овој закон е уставен и исправен и за доброто на граѓаните на Република Македонија“, кажа Мухиќ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери му одговори дека е можно да изминало времето за гласање, бидејќи, како што кажа, во моментот на гласање, технички не може никој да влијае.

Процедурално се обрати и Африм Гаши од Движењето Беса, кој, исто така, кажа дека гласал „за“, иако и него го нема во листингот.

„Јас гласав за овој закон, но не знам зошто е регистриран мојот глас. Ѝ се обраќам на јавноста да ја потврдам мојата волја дека сум гласал за законот. При Бадинтеровото одлучување на немнозинските пратеници се гледа дека сум кренал рака“, рече Гаши.

Зијадин Села од Алијанса на Албанците побара од претседателот да се објават видео снимки од гласањето да се види дека и тој гласал „за“ за законот.

„Јас гласав и барам од вас како претседател да се разгледа подетално постапката за гласање. Сакам да се покаже и визуелно дека јас гласав и при електронското гласање и гласањето со рака при Бадинтеровото гласање“, рече Села.

На листингот од гласањето за Законот за употреба на јазиците објавен на собранискиот сајт, стои дека неколку пратеници од владејачката коалиција предводена од СДСМ не гласале за законот.

Пратениците на Алијансата за Албанците гласаа за Законот за јазици при сите гласања, значи и кога се гласаше со бадентерово мнозинство, истакна денеска во Собранието лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

– Се исполни уште една уставна норма или дел од Рамковниот договор и во насока на тоа мислам дека ова не треба да се користи за лечење комплекси или фрустрации од страна на некои лидери. Јавно ви изјавив, се обратив и писмено и барам да се објават видеоматеријалите од двата монитори во текот на гласањето, не само од лева, туку и од десна страна, каде што јасно се гледа дека Зијадин Села гласаше за Законот за употреба на јазиците.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1