Пожар на првиот кат во семејната куќа на четирисет и шестгодишниот М.Л. од кичевското село Србица ја проголта целата заштеда на семеството – 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци.
Вчера утрото оштетениот пријавил во кичевската полиција дека избувнал пожар на првиот кат. Екипа на Територијална противпожарна единица Кичево го изгаснала пожаро, а освен без пари, М.Л. останал и без мебел.
Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Кичево.