МВР со детали за сообраќајката во која беа повредени 20 патници


Најверојатна причина за сообраќајната несреќа што се случи вчера на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на с. Мамутчево, е тоа што возачот во еден момент изгубил контрола над автобусот и преминал на другата коловозна лента. Возачот на камионот, кој сообраќал од Штип кон Велес, успеал да избегне директен судир, но сообраќајката била неизбежна. Во автобусот се превезувале 50- тина работници кои оделе на работа во една штипска фабрика.

– Во незгодата двајцата возачи и 21 патник од автобусот се здобиле со телесни повреди-изјави Панајотова.

Повредените со итна помош и други возила се пренесени во велешката болница. Осуммина од нив со лесни повреди се задржани на одделението за хирургија, додека останатите по извршените прегледи се пуштени на домашно лекување. Поради несреќата, сообраќајот беше во преќин, а подоцна се одвиваше по една коловозна лента.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1