По околу 10 илјади евра – народни пари ќе му стојат на располагaње секој од 120-те пратеници за медумска пропоаганда согласно своите определби за референдумот на 30 септември. Пратениците ќе можат да се групираат по пратенички групи и коалиции за да го искорстат овој фонд од речиси 1,3 милиони евра буџетски пари кои Владата му ги додели на Собранието како овластен предлагач на граѓанското изјаснување за Договорот со Грција за промена на уставното име.
Талат Џафери кој го води координативното собраниско тело за јавна пропаганда испраќа писма до сите пртенички групи и пратеници за да се изјаснат на кој табор припаѓаатм, но нема рок до кога ќе се чекаат пратениците за вакво изјаснување,неофицијално велат од кабиентот на Џафери. Според објаснувањето од Владата со овие пари Собранието всушност ќе направи закуп на медиумскиот простор за пропаганда кој потоа пропорционално ќе биде распределен на трите опции.
Јавни пари ќе можат да користат само парламентарните партии. При тоа парите се земаат од ставката функции на државата, па така за нивно доделување на парламентот нема да биде потребен ребаланс на буџетот.
Освен Собранието, и Владата ќе води своја кампања со која ќе се повикува на излезност на референдумот, и за гласање „за“ на рефередумот бидејки на Илинденска бр 2 тоа го сметаат како програмска определба на овој владин состав. За нив, ваквата кампања не е навивачка, што пак, е забрането со кодексот на добри референдумски практики на Венцијанската комисија.
Владината кампања ќе се состои во јавни настапи, интервјуа и тековни активности на владините фунцкинери за што нема да се трошат дополнителни пари, а ќе се води кампања и на социјалните мрежи што ќе чини само 400.000 денари – пари кои се обезбедени од буџетот на генералниот секретаријат на Влада.